ГО БАРААТ ОД ИНТЕРПОЛ: Полицијата приведе Косовец на Блаце
Полицијата приведе Косовец на граничниот премин „Блаце“, затоа што го барале од Интерпол.
Станува збор за косовски државјанин на возраст од 28 години.
„Вчера во 08.50 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Л.(28) од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка“, информираат од полицијата.
Во земјава уште се говори за скандалот со косовскиот државјанин Блерим Рамадани, кого полицијата го уапси на Блаце, по што му беше одреден притвор, па куќен притвор во Скопје од каде тој избега. Србија го бараше за сомнежи за извршени воени злосторства врз Србите на Косово за време на војната. Рамадани бил припадник на УЧК.
