Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГНЕВОТ НАСОЧЕН КОН ЕУ: Крвта која ја пролеаа демонстрантите, велат не била вредна да падне

ГНЕВОТ НАСОЧЕН КОН ЕУ: Крвта која ја пролеаа демонстрантите, велат не била вредна да падне

После повеќе од 48 часа по насилството во македонскиот парламент, во Скопје изгледа како ништо слично да не се случило. 

Денешниот ден започна со целосна смиреност, но синоќа се одржа нов протест на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“. 

Пред два дена пратеници беа тепани од лута толпа со образложение дека социјалдемократите од СДСМ и нивните албански коалициски партнери ја водат Македонија кон распад. Тоа е и тезата на ВМРО-ДПМНЕ, како и на голем дел од медиумите, кои практично не одразија обиди за линч, при кој исклучително тешко настрада албански пратеник.

Откако министерот за внатрешни работи на земјата најави оставка и објави дека неговите подредени го саботирале и дозволиле хаос, вчера мерките за безбедност во реонот на парламентот беа исклучително сериозни. Затоа и демонстрантите се собраа не пред парламентот, туку пред претставништвото на Европската комисија. 

Тие ги обвинуваат европските држави во мешање во внатрешните работи, бидејќи изборот на Албанец за претседател на парламентот беше признат во странство, имено новиот избор на поранешниот воен министер Талат Џафери стана повод за насилството. 

Еден од организаторите истакна дека за некои луѓе ова било нивен грев, бидејќи ја сакале земјава и мирно и сплотено протестирале 60 дена.

 „После шеесет дена откако видоа дека оваа кичма не се витка ниту крши некои луѓе го искористија тоа за да го испровоцираат она што секој човек го има во себе да не се лажеме, меѓутоа за жал вчера се случи спротивното, насилство кое мора да го осудиме, насилство кое не е патот, ниту една капка крв не е вредна да падне за неразумни луѓе“, истакна Илиевски.

Така не се гледа крајот на протестите започнати пред 60 дена .


Слично

Поврзани вести