Глупави се тврдењата дека се попишани 72 Бугари, вели Симовски
Глупави се тврдењата дека се попишани 72 Бугари, никој нема увид во податоците, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски за „Утрински брифинг" на прашањето за коментар на изјавата на поранешниот бугарски конзул Иван Анчев, кој за бугарски медиум изјавил дека на Пописот на населението досега како Бугари се изјасниле само 72 лица.
Анчев за порталот Фактор.бг додава дека ако на пописот само 1.000 луѓе покажат бугарско национално чувство, тоа би ја лишило Софија од секакви аргументи во актуелниот спор со Скопје.
Досега во земјава според информациите добиени од Државниот завод за статистика, вкупно се попишани 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови.
Слично
