Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГЛОДАРИ НА НЕКОИ ПОРАНЕШНИ ПОЛИТИЧАРИ“: Мицкоски за шпиунската афера во Кабинетот на претседателката

„ГЛОДАРИ НА НЕКОИ ПОРАНЕШНИ ПОЛИТИЧАРИ“: Мицкоски за шпиунската афера во Кабинетот на претседателката

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага во случајот „шпионажа во Кабинетот на претседателката“, а премиерот Христијан Мицкоски коментираше за новинарите, објаснувајќи ја својата гледна точка за настанатата ситуација.

-Па, видете, тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото, коишто се наоѓале во кабинетите како глодари на некои поранешни политичари, претседатели, премиери и така натаму. И тие се претставуваат како група вработени и испраќаат анонимни дописи до обвинителства. Се разбира, таму е Ислам Абази, веднаш да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало. Јас не би ги коментирал овие глодари, бидејќи мислам дека треба да ги заборавиме – рече премиерот Мицкоски.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, како што информираат од МВР, постапува по две Наредби добиени од ОЈО за ГОКК доставени на 12.2.2026 и 25.3.2026 со кои се бара анализа на електронски доказен материјал.


Слично

Поврзани вести