Економија, финансии, бизнис

Контакт

Глигорова: Србија има посебен култ кон насилството последниве 30 години

Глигорова: Србија има посебен култ кон насилството последниве 30 години

Не стивнуваат реакциите на граѓаните дека во соседството има многу програми кои промовираат насилство. 

Тука ги набројуваат реалити шоауата кои се популарни во Србија. Активистиката Ана Глигорова ги спомена Фарма, Задруга, Папарацо и други. 

„Драги мои комшии, дозволивте...Видимо се на читуљи, Фарма, Кнеле, Задруга, Папарацо, опасни београдски асфалт деведесетих, кока, жуто, хемија, киднапирања, мафија, убиство на премиер, модерни четници, Веља Невоља, Легија, Кнеле,.... 

Србија има посебен култ кон насилството последниве 30 години, и тоа не е реплика на запад или исток, туку автентичен култ кој го негуваа и негуваат како нешто оригинално, единствено во свет. Од сачекуши до школски масакар на до сега најмасовниот убиец во светски размери по број на жртви на возраст до 14 години. Култ на не(култура) на плиткоумни, бизарни сподоби кои владеат со медиумите и го убиваат она последно хумано што сака да живее во некој колку толку понормален амбиент. Жена на убиен мафијаш царува не само со естрадата, туку и со севкупната култура на живеење 30 години.  Владее параноја од рептили, трагови на небу, завере илумината, алуминиум кој се фрла од авиони, затоа се оди низ брдо.  Драги мои комшии, не се виновни ни трагови на небу, ни алуминиум, ни илуминати и масони, туку дозволата најодвратните криминалци да ви ја одземат културата, животот, и најсветото од најсветите светињи - душата на децата. Зарем ова е истата Србија на која култура, уметност и наука растев? Момо Капор, Живојин Павловиќ, Душан Макавеев, Александар Петровиќ, Зоран Радмиловиќ, Мија Алексиќ, Драган Николиќ, Милена Дравиќ, Милан Младеновиќ и ЕКВ, Обојени Програм, Шарло акробата, Милева Мариќ на Ајнштајн, Јован Јовановиќ-Змај,... Многу генијални и талентирани луѓе се родија на таа почва, на тој дел од Балканот. Сите овие великани да ги потиснете со дозволата вашите деца да ги полнат сетилата со величање на експлицитно насилство секој ден. За жал, прелеано и овде, во нашава Македонија.  Најдобро  го скицира амбиентот Аца Лукас- Ти си камен што за дно ме прибија, мала,покварена,зла, права роспија“, пишува Глигорова. 


На социјалните мрежи се споделува петиција во која српските граѓани бараат одземање на дозволите на српските телевизии Пинк и Хепи. Велат дека со реалити шоуа овие телевизии ја „трујат“ нацијата, пропагираат неморал, дискриминација, кривични дела.  Петицијата е активна, а ја потпишале над 400.000 луѓе. 

Слично

Поврзани вести