Главниот инспектор на Град Скопје: Ако е истиот загадувач, овој пат ќе добие поголема казна од 100.000 евра
Раководител на Секторот Инспекторат на Град Скопје, Мирослав Богдановски. по објавувањето на сликите на поцрвенетиот Вардар, на својот профил на „Фејсбук“ се закани дека ако е истиот загадувач кој претходно бил казнет со 100.000 евра, овој пат санкцијата ќе биде поголема.
- Во координација со директорот на ДИЖС испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000 евра. Се работи за река Вардар кај Долно Лисиче.
Претходно, правно лице од Велес беше казнето исто така со 100.000 евра поради истекување на мазут во реката Вардар.
Слично
