ГЛАВНИОТ ГРАД ПОГОДЕН ОД СИЛНО НЕВРЕМЕ - Грмотевици, дожд, силен ветер, паднати дрва (Видео)
Силно невреме го зафати главниот град проследено со силни грмотевици, пороен дожд, силен ветер...
Голема промена на времето се случи попладнево во Скопје како што предупредија синоптичарите.
Од Центарот за управување со кризи информираа за паднати дрвја во близина на транспортниот центар, на улицата Симеон Кавракиров.
УХМР претхдно најави дека попладне и во вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Метеоролозите прогнозираа дека локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Преодно стабилизирање на времето се очекува во понеделник.

Слично
