Економија, финансии, бизнис

Контакт

Главниот германски дипломат: Ќе беше подобро да имаше поголема излезност

Главниот германски дипломат: Ќе беше подобро да имаше поголема излезност

Хајко Мас, шефот на германската дипломатија, го поздрави, како што рече тој, огромната разлика во гласањето „за„ и „против“ прифаќање на Споогодбата од Преспа, иако вели ќе било подобро излезноста на референдумот да била помасовна.

Првиот германски дипломат смета дека мнозинството жители што излегле на референдумот ја поддржале желбата на земјата за пристап во ЕУ и НАТО. Ова се наведува во изјавата објавена од страна на германскиот министер.

"Иако многумина сакаа да видат поголем одѕив, драго ми е што мнозинството гласачи што го остварија своето демократсо права гласаа за прифаќање на договорот со Грција", се вели во соопштението. "Тие сакаат нивната земја да продолжи на патот кон ЕУ и НАТО", рече Маас. Тој изрази задоволство од фактот дека "по референдумот, кој е од консултативен карактер, Собранието на Република Македонија ќе размисли како да се продолжи понатаму“.

"Ги повикувам сите политички сили во Скопје и Атина да ја искористат можноста да постигнат историски договор и да го спроведат", рече министерот. Според него, "Тоа придонесува за зајакнување на односите меѓу двете земји и за стабилизирање на ситуацијата во Западен Балкан". "Покрај тоа, договорот ја отстранува главната пречка за приближување на Скопје кон ЕУ и НАТО", вели Маас.


Слично

Поврзани вести