Главната улица на Кочани повеќе не се вика „ВМРО“. Кое е новото име?
Главната улица во Кочани повторно се вика „Маршал Тито“, наместо „ВМРО“, одлучија советниците на СДСМ во локалната самоуправа.
Претходното име „ВМРО“ траеше само четири години, пред да биде заменето вчера на 17-та седница на општина Кочани.
Советникот од СДСМ, Благој Ситновски, во прилог на одлуката го нагласи значењето на Јосип Броз Тито, „во чие време беа поставени темелите на денешна Република Македонија“, а Венко Крстевски, кој ја поддржа иницијатиовата како независен советник, ја нарече „исправање на неправдата“.
Слично
