ГЛАВЧЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Од наша страна нема желба за преговори затоа што нема за што да се преговара
Премиерот на техничката бугарска влада, Димитар Главчев вели дека нема за што да се репреговара со Македонија.
Додава дека нивниот цврст став е познат.
„Тие велат дека нема да преговараат со преодната влада, но јас порачувам дека од наша страна нема желба за преговори затоа што нема за што да се преговара. Постои и европска позиција по ова прашање и тоа е познато. На последниот Европски совет изјавив дека Република Северна Македонија не ги почитува преземените обврски, а истото го кажа и премиерот на Грција дека Република Северна Македонија не го почитува Договорот од Преспа. Значи, нашиот став е презентиран на највисокот ниво, во Европскиот совет“, кажал Главчев.
Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека македонските политичари треба да се вратат во реалноста.
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова е во посета на Бугарија. Македонија не го реализираше барањето за внесување на Бугарите во Уставот. Ова е услов за да може државава да продолжи по европскиот пат.
