Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЛАВЧЕВ: Со Мицкоски зборувавме дека треба да се намали тензијата во реториката

ГЛАВЧЕВ: Со Мицкоски зборувавме дека треба да се намали тензијата во реториката

Со Мицкоски исто мислиме, дека односите треба да се вратат на ниво од 2017-та година, вели бугарскиот премиер, Димитар Главчев. 

Тој разговарал со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски со кого споделиле исто мислење, односно дека треба да се намалат тензиите и да се нормализираат односите.

„Јас со него разговарав  најмногу, говоревме дека треба да се намали тензијата во реториката. Зад мене е, така да ќе го слушнете и него што ќе каже. Направивме фотографија, ќе ја пуштиме. Говоревме, на исто мислење сме дека треба да се намалат тензиите во реториката, затоа што знаете вообичаено меѓу граѓаните, меѓу народите на две соседни земји нема тензии и политичарите ако не помагаат  да се развиваат односите, не треба да пречат, тоа е моето сфаќање во принцип. Најдобро е да помагаат. Вчера зборувавме дека треба да се нормализираат односите и да се вратат на ниво од 2017-та кога беше потпишан Договорот за добрососедство“, вели Главчев.

Бугарскиот премиер изјави дека нема ништо поубаво и подобро од добри односи со соседите.

„И двајцата истото го мислиме, но ќе видиме што ќе се случи. Нема ништо подобро од убави и добри односи меѓу соседи, за нас може да се каже и дека сме повеќе од соседи со Северна Македонија. Треба да се развие економијата, како и сите други аспекти“, вели Главчев.

Вчера Мицкоски праша кој гарантира дека по внесување на Бугарите во Уставот, Софија нема да поставува нови услови за Македонија. 

Инаку, Грција и Бугарија излегоа со заеднички став дека меѓународните договори мора да се почитуваат. 

Прво Франција, а потоа и Бугарија го блокираше почетокот на преговорите на земјава со Европската Унија(ЕУ). 

Слично

Поврзани вести