Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЛАСОВИТЕ НА ВНУКОТ НА АХМЕТИ ЌЕ ПРЕСУДАТ ЗА КИЧЕВО: ВМРО-ДПМНЕ води а смета ли на нив актуелниот градоначалник Дехари?

ГЛАСОВИТЕ НА ВНУКОТ НА АХМЕТИ ЌЕ ПРЕСУДАТ ЗА КИЧЕВО: ВМРО-ДПМНЕ води а смета ли на нив актуелниот градоначалник Дехари?

Тесна битка за градоначалничкото место во Кичево. На 100 отсто преброени гласови, според Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски освоил 8.801 глас или 38,42 отсто од вкупниот број избирачи. Фатмир Дехари кандидатот на Демократската унија за интеграција добил 8.545 гласа односно 37,3 проценти од гласачите заокружиле за него. 

Трет на листата е Фатмир Лимани, независниот кандидат кој инаку е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Лимани освоил 4.527 гласа или 19,76 отсто од гласовите.

Ова значи дека во вториот круг пресудни за победникот ќе бидат неговите гласачи.

Внукот на Ахмети, Лимани, одлучи на овие избори да поднесе независна кандидатура.  Тој е професор по историја и поранешен заменик директор на ЕСМ. Дехари пак е актуелен градоначалник на Кичево. Лимани изјави тогаш дека причините поради кои ќе се кандидира како независен се поради неуспесите на ДУИ, а особено на актуелниот градоначалник Дехари.

Слично

Поврзани вести