Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Гласен Текстилец“ најостро се спротиставува на предложените анти ковид-мерки, ако не се повлечат, тие ќе ги оспорат на Уставен

„Гласен Текстилец“ најостро се спротиставува на предложените анти ковид-мерки, ако не се повлечат, тие ќе ги оспорат на Уставен

„Гласен Текстилец“ бара да се повлечат новите мерки за вработените во јавниот сектор. 

Здружението најостро се спротиставува на предложените анти ковид-мерки кои се однесуваат за сите вработени во јавниот сектор, односно вработените во локалната самоуправа, во државните институции, при одење на работно место да да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или негативен ПЦР-тест направен на сопствен трошок. На социјалните мрежи, „Гласен Текстилец“ наведува дека тие се косат со позитивните прописи и меѓународни стандарди за човекови права.

„Укажуваме на Владата да не ги усвојува бидејќи самата Предлог-одлука за задолжително вакцинирање на вработените од јавниот сектор е неуставна и противзаконска т.е. спротивна на чл. 9,10,11 и 27 од Уставот, спротивна на членовите 6,7,14 и 25 од Законот за заштита на правата на пациентите и спротивна на членовите 8,9 и 12 од Законот за спречување и заштита од дискриминација“, се вели во соопштението од „Гласен Текстилец“.

Ако не се повлечат, тие ќе покренат иницијатива за оцена на уставноста и законитоста пред Уставниот суд и ќе  ги повикаат на протест вработените и од јавен и од приватен сектор против ваквите мерки.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, веднаш по состанокот со членовите на Комисијата за заразни болести, објави дека донеле одлука за нови рестриктивни мерки кои ќе ги предложат до Владата.

Овие мерки, како што истакна тој, предлагаат да важат 10 дена откако ќе ги усвои Владата за да имаат време граѓаните да се вакцинираат, а ќе бидат оставени 30 дена за оние 20-30 проценти здравствени работници кои досега не се вакцинираа.

На дневна основа во земјава има и над 500 заразени со коронавирусот. 

И синдикатите се побунија против новите мерки. 

Слично

Поврзани вести