Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гласањето заврши, ќе има нов претседател на Македонија

Гласањето заврши, ќе има нов претседател на Македонија

Гласањето во 19.00 часот денеска е завршено со постигната потребната излезност во вториот круг за да се избере нов претседател на Македонија.

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски објави дека од преброените гласови до 18.30 часот имало 44,5 отсто излезност.

Тоа значи дека потребниот цензус од 40 проценти е надминат.

- Изборите завршија во мирна и достоинствена атмосфера без поголеми инциденти. Очекува процентот на излезност да се зголеми за уште некој процент од она што не е преброено од последниот половина час додека течеа изборите - рече Дерковски.

Слично

Поврзани вести