ГЛАСАЊЕ ВО ОН: Не помина резолуцијата за Украина на САД во коспонзорство на Македонија
Во ОН не помина резолуцијата за Украина на САД во коспонзорство на Македонија.

Собранието ја усвои украинската резолуција поддржана од неколку земји членки на ЕУ, каде се бара Русија веднаш да се повлече од Украина. За европската резолуција, САД гласаа „против“. САД и Македонија гласаа воздржано за нивната Резолуција откако беа прифатени неколку амандмани на документот поднесени од неколку европски држави.
За Резолуцијата на Украина, поддржана од неколку земји членки на ЕУ, гласаа 93 држави, 18 беа против и 65 воздржани. Ова е помалку од претходните гласања, кога повеќе од 140 земји ја осудија руската агресија.
Гласањето за изменетата американска резолуција заврши со 93 гласа „за“, 8 „против“ и 73 воздржани. Украина гласаше „за“, САД се воздржаа, а Русија гласаше „против“. Денеска се навршија три години од почетокот на руската агресија на Украина.
