Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЛАСАЈТЕ: Објектот на фабриката „Маја“ номиниран за награда во САД

ГЛАСАЈТЕ: Објектот на фабриката „Маја“ номиниран за награда во САД

Објектот на фабриката за полнење вода „Маја“ во Македонија, архитектонско дело на Александар Карангелов е во конкуренција со пет други индустриски објекти за наградата Architizer A+ во САД. 

После првите две селекции објектот на архитектот Карангелов е селектиран во групата на петте финалисти во категоријата индустриски објекти – фабрики. Освен гласањето на жири комисијата се гласа и онлајн, каде проектот на Карангелов во моментов е на прво место со освоени 37 проценти од онлајн гласовите. 

Онлајн гласањето трае до 20 јули и може да се направи на следниот линк:The Architizer A+ Popular Choice Awards needs YOU Architizer A+ годишните награди во САД се одржуваат годинава по 6-ти пат во организација на Architizer. 

Учесниците се оценуваат од повеќе од 400 истакнати стручни лица од различни области како архитектура, мода, издаваштво, индустриски дизајн и др. Наградите имаат за цел да го потсетат светот дека архтиектурата игра многу голема и важна улога со нивните дела, да потсетат и наградат простори и објекти кои архитектите ги создаваат.

Слично

Поврзани вести