Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЛАСАЈ СО СРЦЕ, ИЗБЕРИ СО РАЗУМ: Стерјовски објави дека во Албанија има и упатство за гласање на македонски јазик

ГЛАСАЈ СО СРЦЕ, ИЗБЕРИ СО РАЗУМ: Стерјовски објави дека во Албанија има и упатство за гласање на македонски јазик

Албанската изборна комисија објави упатство за начинот на гласање на македонски јазик.

Централната изборна комисија на Албанија објави едукативен флаер „Чекори за гласање” на македонски јазик и на неговото кирилско писмо.

„Со труд, визија и посветеност- чекор по чекор- заедно ја градиме иднината. Гласај со срце, избери со разум”,  напиша Васил Стерјовски на социјалните мрежи објавувајќи примерок од постерот.

Стерјовски, како кандидат на МАЕИ, е на отворената листа во изборната единица (ИЕ) Корча, на Социјалистичката партија на Еди Рама, која на овие избори коалицира единствено со македонската партија.

Слично

Поврзани вести