Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гласачкото ливче за претседателските избори со три „сигурни“ имиња

Гласачкото ливче за претседателските избори со три „сигурни“ имиња

Најверојатно само три имиња на кандидати за претседател на Македонија ќе се најдат на гласачкото ливче во првиот круг од изборите на 21 април.

Синоќа СДСМ, ДУИ и уште 29 партии одлучија да го поддржат Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО и учесник на претходните избори кој пред пет години загуби во трката со актуелниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов.

Еден ден претходно професорот Блерим Река објави дека ќе учествува на претседателските избор, а веднаш потоа опозициските албански партии Алијанса на Албанците и Беса објавија дека застануваат зад него.

Многу порано, ВМРО-ДПМНЕ со гласање на партиската конвенција на почетокот на месецов ја одбра професорката Гордана Силјановска Давкова како конкурент на кој ќе му се даде поддршка.



Слично

Поврзани вести