Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА ОТВОРЕНИ ВО 7 ЧАСОТ: Во Штип и во Пласница се гласа на предвремени избори за градоначалник

ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА ОТВОРЕНИ ВО 7 ЧАСОТ: Во Штип и во Пласница се гласа на предвремени избори за градоначалник

Утринава во 7 часот се отворени избирачките места во Штип и во Пласница на кои граѓаните гласаат на предвремени избори за градоначалник. Во текот на претходните два дена, односно во петокот, гласаа лицата кои се во изолација, а вчера, пак гласаа болните и изнемоштените, како и осудените и притворените лица.

Според податоците, вчера можеле да гласаат вкупно 142 гласачи од кои 66 од Штип и 76 од Пласница, а правото на глас го искористиле сите штипјани, додека во Пласница гласале 70 граѓани. Правото на глас го оствариле сите 66 штипјани и 70 жители на Пласница.

Од вкупниот број лица (67) кои се притворени или осудени на казна затвор, гласале 60 штипјани и еден од Пласница.

Предвремени избори за нови градоначалници на овие две општини, кои ќе имаат мандат од девет месеци, се избираат откако претходните заминаа на нови функции во законодавната и извршната власт.


Слично

Поврзани вести