Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЛАСАЧИТЕ НА ГОРАН МИЛЕВСКИ ЌЕ „ПРЕСУДАТ“ КОЈ ЌЕ ЈА ОДНЕСЕ ПОБЕДАТА ВО БИТОЛА ВО ВТОРИОТ КРУГ - СДСМ ги очекува неговите 3.343 гласа

ГЛАСАЧИТЕ НА ГОРАН МИЛЕВСКИ ЌЕ „ПРЕСУДАТ“ КОЈ ЌЕ ЈА ОДНЕСЕ ПОБЕДАТА ВО БИТОЛА ВО ВТОРИОТ КРУГ - СДСМ ги очекува неговите 3.343 гласа

Горан Милевски од ЛДП, односно неговите гласачи, ќе одлучат кој ќе ја прогласи победата во Битола и ќе управува со градот на конзулите во наредниот четиригодишен мандат.

Државната изборна комисија веќе ги преброја гласовите дадени од избирачите во првиот изборен круг, односно обработени се 100 отсто од гласовите, кои покажуваат дека за таа општина дефинитивно ќе има уште едно изборно соочување, односно втор круг, на кој ќе пресудат токму гласачите на Милевски. 

Во Битола после првиот круг води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски, со освоени 42,83 отсто од гласовите, односно 19.571 глас, додека, пак, на второ место е Хрисо Кондовски, кандидатот на СДСМ, кој во првиот круг освоил 39,23 отсто или 17.926 гласа.

Ова значи дека во Битола Коњановски води пред Кондовски со 1.645 гласа.

Тоа се многу помалку гласови од 3.343 гласа или 7,32 отсто од гласовите, колку што освоил Горан Милевски од ЛДП.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера изјави дека тој е нивни коалиционен партнер и СДСМ ги очекува овие гласови. 

Досега СДСМ раководеше со општина Битола, односно нивната градоначалничка Наташа Петровска.

Зоран Лазаровски Паљо освоил 2,37 отсто, или 1.082 гласачи, што значи дека и тие гласови ќе бидат значајни во второто изборно соочување кое ќе се случи на 31 октомври.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести