Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гласаат болните лица и затворениците низ Македонија

Гласаат болните лица и затворениците низ Македонија

Своето право на глас за локалните избори денеска го остваруваат болните, изнемоштените, неподвижните лица и затворениците. 

Во општина Прилеп, според Општинската изборна комисија, своето право на глас денеска ќе го остварат 221 болно и изнемоштено лице. 

Во Делчево денеска гласаат 189 болни и изнемоштени лица.

Во општина Маврово-Ростуше ќе гласаат 22 лица. 

Во општина Врапчиште денеска ќе гласаат 15 лица. 

86 лица ќе гласаат во Гостивар. 395 лица од општините Кичево, Брод и Пласница ќе гласаат во домашни услови, а во Штип тој број е 88. 

Во затворите низ државата е започнато гласањето за локалните избори. Според избирачкиот список право на глас имаат 1.882 лица кои се на издржување затворска казна или се во притвор.

Слично

Поврзани вести