Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка: ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на СДСМ

Гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка: ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче покажуваат двојни аршини во однос на проектот „Безбеден град“, кој, како што наведуваат, има за цел зголемување на сообраќајната безбедност и системска контрола на прекршоците.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека пратениците на СДСМ во Собранието гласале против законите што овозможуваат имплементација на проектот, иако јавно тврдат дека возењето без возачка дозвола и со нерегистрирани возила треба строго да се санкционира.

Според партијата, јавноста во изминатиот период била сведок на протести и инциденти во кои, како што тврдат, биле вклучени активисти блиски до СДСМ, при што биле упатувани закани кон полициски службеници. ВМРО-ДПМНЕ ваквиот начин на протестирање го оценува како недемократски и неприфатлив.

Во соопштението се наведува дека „Безбеден град“ е проект кој овозможува дигитална и системска контрола на сообраќајот, откривање на прекршоците и санкционирање на лицата кои управуваат возила без дозвола или со нерегистрирани возила. Од партијата посочуваат дека координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, бил меѓу најгласните противници на проектот, иако, како што тврдат, за време на неговиот мандат како министер за внатрешни работи не биле спроведени слични системски решенија.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека во периодот кога СДСМ беше на власт не бил имплементиран ниту еден проект кој на дигитален начин обезбедува контрола и транспарентно санкционирање во сообраќајот.

Од партијата порачуваат дека проектот „Безбеден град“ е надпартиско и системско решение за заштита на животите на граѓаните и воспоставување ред и еднаквост пред законот, додавајќи дека секое спротивставување на проектот претставува политичка калкулација на сметка на безбедноста на граѓаните.


Слично

Поврзани вести