ГЛАДНИ ВОЛЦИ СЕАТ СТРАВ: Задавени девет крави во Осоговските планини, мештаните бараат помош!
Жителите на планинските села живеат во страв после кланицата која волците ја направиле кога нападнале стадо говеда и овци во околината на селата Пресека .
Гладните волци кои се движат во групи, нападнале неколку стада кај Пресека, и задавиле девет крави.
„Ова е навистина премногу, за еден ден и ноќ во Пресека задавија девет крави. Не знам што се случува само знам дека волците во овој дел многу напаѓаат, ги има многу, и општината би требало да организира лов на овие животни. Вака веќе не може, земјоделците ќе кренат раце, нема веќе кој да ја чува стоката“, вели Стојанчо Соколов, сточар од Пресека.
Волци задавиле крави кај селото Пресека https://t.co/5s5rVLTeWv pic.twitter.com/7BF7k5AwWg
— Радио Мрежа Канал 77 (@Kanal77) October 13, 2016
Штетата допрва треба да се утврди, велат земјоделците, но јасно е дека на ваквите случаи мора да се стави точка-и заради животните и заради штетата која овие ѕверови ја прават. Некои велат дека оваа година има огромен број на волци.
Задавиле повеќе од десетина овци и кози, но напаѓаат и крупен добиток.
Селаните едвај го чекаа 11 октомври, кога почнува сезоната на лов, и се надеваат дека ловците ќе го решат големиот број на волци.
