Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓурчевски: Турција се заканува со „вето“ за приемот на Македонија во НАТО

Ѓурчевски: Турција се заканува со „вето“ за приемот на Македонија во НАТО

Официјална Анкара бара 15-мина за екстрадиција од „Фето“, организација која во Турција е прогласена за терористика и се смета за блиска до Фетула Ѓулен, кој важи таму за организатор на неуспешниот обид за пуч во 2016-та.

Хулуси Акар, министерот за одбрана, при неговата неодамнешна посета на Скопје во средата побара од Македонија да ги екстрадира „Ѓуленистите“, а ова имплицитно беше протолкувано како закана дека Турција можеби нема да го ратификува Протокоот за прием на земјата како 30-та членка на НАТО. Ова го толкува и поранешниот началник на МВР, Љубомир Ѓурчевски.

- Уште во 2018 реков дека Турција ќе побара од Македонија екстрадиција на Ѓуленисти. Но истовремено Македонија не ќе може да го исполни тоа затоа што во НАТО има структури кои не се согласуваат на такво нешто. Од друга страна е Турција која ќе го бара тоа од нас, па Македонија ќе се најде помеѓу два огна. Ако Турција беше меѓу првите кои ја признаа Македонија како независна држава, сега Турција може да биде закана за членството на Македонија во НАТО - рече Ѓурчевски.

Слично

Поврзани вести