Ѓулистана Марковска ќе ја бара довербата за градоначалник во Кисела Вода
Ѓулистана Марковска ќе биде кандидатка за градоначалничка на Кисела Вода.
Марковска е граѓански кандидат поддржан од коалиција „Со граѓаните ДОМ и ЛДП“. Телма дознава дека нејзината кандидатура за градоначалничка на скопската општина Кисела Вода ќе биде промовирана утре.
Марковска е доктор специјалиста за очни болести. Таа беше пратеник во првиот парламентарен состав на Македонското Собрание во 1991 година.
Имаше уште еден пратенички мандат, од 1998 до 2002 година.
Слично
