Ѓулистана Марковска: Каракачанов изгради кариера на Македонија
Аналитичарката Ѓулистана Марковска во Отворено на ТВ 24 вечерва изјави дека бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов изгради кариера на Македонија и ВМРО.
Таа смета дека ставовите ќе омекнат. Вели дека историјата нема да биде темел на кој ќе се градат релациите.
Историчарот Драги Георгиев изјави дека изјавата на бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов е несмасна и дека комисијата не работи година и пол, туку 6 месеци.
Георгиев вели дека историјата бара толкување на изворите.
„Можеби во Бугарија постои одредено чувство на триумфализам, меѓу тоа со нашите колеги, не, тие се коректни“, вели историчарот.
За него изјавите од Бугарија се политички за да се изврши притисок на македонската страна.
Дипломатот Виктор Габер вели дека она што премиерите на двете земји го направија е една новина. Изјави дека на Каракачанов му е дадена висока позиција, затоа што национализмот на Балканот игра извесна улога.
