Ѓорчев бара да не се плати долгот на граѓаните за струја
Влатко Ѓорчев, еден од конкурентите кој би можел да биде избран за кандидат за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, побара од премиерот Зоран Заев да не се плаќа милионскиот долг за неплатени сметки за струја на граѓаните пред одржувањето на изборите.
Според опозицискиот пратеник тоа би било „поткуп“ на гласачи пред одржувањето на претседателските избори.
- Господине Заев, веднаш запрете го отпишувањето 100 милионски долгови од неплатени сметки за струја. Прво, ова е чиста дискриминација на штета на граѓаните кои редовно си ги подмируваат сметките за струја, а некои од нив дури и плаќале казни за повторен приклучок доколку не платат 2 – 3 сметки. Сега токму редовните плаќачи на сопствените сметки ќе треба, како даночни обврзници преку буџетот, да ги платат и сметките на оние кои со години не плаќале. Второ, ова е предизборна злоупотреба и корупција со која СДСМ и Заев преку буџетски средства сака да поткупи дел од граѓаните кои имаат неплатени сметки и со тоа да стекне политичка предност на претседателските избори.– напиша Ѓорчев на Фејсбук.
Инаку Заев пред неколку дена најави скоро отпишување на милионските долгови од неплатени сметки за струја направени пред 2006-та во времето на државното Елелктростопанство.
Инаку, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вчера повтори дека државата нема да плаќа со буџетски средства, туку станува збор за простивање со отпис по договор со компаниите.
