ЃОРЃИЕВСКИ ВО ВОДСТВО, СЛЕДАТ МЕЦИНОВИЌ, БАКИУ ПА ШУКОВА: Како гласаше Скопје?
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски води со 42,39 проценти или 28.452 гласови во главниот град, покажуваат досега пребројаните гласачки места.
Следен на листата е кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 8.474 гласови или 12,63 проценти. По него, доаѓа кандидатот на коалицијата Влен, Башким Бакиу, со 8.023 гласови или 11,95%, па кандидатката на СДСМ, Каја Шукова, која има 7.517 гласови, односно 11,20 проценти.
Скендер Реџепи од Националната алијанса за интеграција - коалицијата на ДУИ, има 7.379 гласови или 10,99 проценти.
Овие резултати се од пребројани 30,41 процент од гласовите, или 34,74 проценти од избирачките места.
Досега, ниту една партија не се осврна на резултатите за Град Скопје, освен владејачката ВМРО-ДПМНЕ, од каде само рекоа дека се во големо водство.
