Ѓорѓиевски: Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вели дека Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола.
„Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот во петок ќе предвидиме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана новогдишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на Новата година. Со тоа конечно Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани“, изјави Ѓорѓиевски во вечерашното гостување на МРТВ.
За повикот на јавниот обвинител Љупчо Коцевски да пријава доколку има индиции за злоупотреби во Град Скопје, Ѓорѓиевски додаде дека веќе имале средба со претставници на Финансиската полиција.
фото принтскрин
