ЃОРЃИЕВСКИ САМОУВЕРЕН: „Не гледам дека има подобар кандидат за градоначалник на Скопје од мене“
Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски беше во „Претрес“ кај Кристијан Ландов. Таму тој говореше дека немало подобар кандидат за градоначалник на Скопје од него.
„Покажав четири години како конструтивно се делува.“
На прашањето на новинарот да не ве удри малку славата во глава, Ѓорѓиевски одговара дека славата удира на било која позиција....
Ландов го прашува зошто не си останал градоначалник на Кисела Вода, Орце смета дека му треба сега на градот и на скопјани.
Ландов го праша дека можеби имало подобар кандидат од него, на што Орце самоуверено одговара „не гледам дека има подобар“.Ландов го посочи Перински, но Ѓорѓиевски рече дека Перински му е добар соработни, но анкетите покажале дека јас сум тој којшто граѓаните го очекуваат.
Ландов го посочи и градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, на што Ѓоррѓиевски одговара дека Боби е одличен градоначалник и негов многу близок соработник.
