Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 и уште 20 автобуси ќе имаме до Нова година
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека нови автобуси ќе има на улиците од понеделник.
Најави дека од понеделник 55 автобуси плус ќе сообраќаат и уште 20 автобуси ќе има до Нова година.
„На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници. Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици. Овој потег претставува сериозен исчекор кон подобрување и стабилизирање на градскиот транспорт. Дополнително, до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран. Но, тука не запираме. До март, во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт, ќе обезбедиме уште 80 нови автобуси“, вели градоначалникот.
Додава дека заедно со градскиот воз кој веќе ја започна првата фаза на реализација и со проектот БРТ, започнуваат циклус на трајно решавање на сообраќајниот хаос кој со години го оптоварува градот.
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски
Слично
