Ѓорѓиевски: Oд денеска 500 лица се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека од денеска
500 лица се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје.
Објасни дека тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи - ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, вели тој.

Инаку, деновиве имаше и голема акција за чистење на Скопје.
Слично
