Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорѓиевски најави дека наскоро ќе бидат поставени 2.600 нови контејнери

Ѓорѓиевски најави дека наскоро ќе бидат поставени 2.600 нови контејнери

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски најави дека наскоро ќе бидат поставени 2.600 нови контејнери и порача дека приоритет во неговиот мандат е воспоставување функционален систем во градот и подобрување на комуналните услуги.

Тој посочи дека Скопје со години се соочува со сериозни инфраструктурни и организациски проблеми.

Градоначалникот во емисија на ТВ Телма посочи дека уште пред да ја преземе функцијата бил свесен за финансиската состојба на градот, за загубите во водоводната мрежа и за недостатоците на инфраструктурата.

„Еве сега обезбедуваме 2.600 контејнери, а во изминатите 10 години вкупно не е обезбедена толкава бројка“, нагласи скопскиот градоначалник.

Додаде дека во одредени делови од градот недостасуваат основни услови за нормално собирање на отпадот, посочувајќи дека само во Општина Чаир недостигаат околу 180 контејнери.

фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски

Слично

Поврзани вести