Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорѓиевски: Ќе се заложиме влашката заедница да добие своја Влашка куќа

Ѓорѓиевски: Ќе се заложиме влашката заедница да добие своја Влашка куќа

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска го честиташе Националниот ден на Власите.

Ѓорѓиевски истакна дека Власите се нераскинлив дел од македонскиот код, меморија и култура кои низ вековите успеале да го зачуваат својот јазик и достоинство.

Во својата празнична порака, тој упати и конкретно ветување за заедницата кое се однесува на зачувување на нивната културна традиција во главниот град.

„Сакам јасно да порачам – секогаш ќе бидеме ваша поддршка! А како Град Скопје, ќе се заложиме влашката заедница да добие своја Влашка куќа, место кое ќе биде дом на културата, традицијата, јазикот и идентитетот на Власите. Место кое ќе сведочи дека она што е вредно, мора да се чува“, порача Ѓорѓиевски.


Тој посебно го спомена историскиот претставник на оваа заедница, славниот војвода Питу Гули, нарекувајќи го симбол на храброст и гордост на цела Македонија.

Градоначалникот се осврна и на локалните активности во општина Кисела Вода, каде во чест на негов пријател од влашката заедница и неговиот татко, веќе е изградено спомен-обележје.

На крајот, Ѓорѓиевски заклучи дека убавината на државата е во различностите, а Македонија е силна само тогаш кога сите нејзини заедници се силни и почитувани.

„Нека ви е честит Националниот ден на Власите. Нека живее влашката заедница. Нека живее нашата заедничка Македонија!“, се наведува на крајот од честитката на Орце Ѓорѓиевски.

Премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и спикерот Африм Гаши го честитаат Денот на Власите. 

фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски

Слично

Поврзани вести