Ѓорѓиевски: Изготвени се 1.032 решенија за данок на имот
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски соопшти дека се изготвени 1.032 решенија за данок на имот.
Во текот на денешниот ден потпишал вкупно 1.032 предмети од данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и решенија за комунална такса за фирмарина.
„Ова е јасен показател дека институциите работат со динамика која им доликува на граѓаните. Станува збор за предмети од сите правни основи, за кои отсега ќе стане пракса да се изработуваат со забрзано и уредно темпо. Овие готови решенија во најкраток можен рок ќе бидат дистрибуирани до даночните обврзници. Од овој момент, ниту едно решение без правен спор нема да заглавува во административни лавиринти. Го враќаме редот, одговорноста и навременото постапување. Граѓаните мора да ги добиваат услугите тогаш кога им се потребни. Тоа е принцип од кој нема отстапување, исто како што беше ветено во мојата изборна програма. Правиме сериозни напори за зголемување на приходите на Градот, со цел навремено подмирување на обврските во интерес на сите граѓани“, пишува тој.

Апелира до сите физички и правни лица да ги исполнуваат своите обврски кон Град Скопје навремено и одговорно.
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски
Слично
