Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорѓиевски го обвини Мециновиќ дека првото вработување му било во партија, тој одговори со кои професии се занимавал

Ѓорѓиевски го обвини Мециновиќ дека првото вработување му било во партија, тој одговори со кои професии се занимавал

Kaндидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски вечерва во дуелот на Канал 5 со противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ изјави дека на овие локални избори изненади слабиот одѕив на гласачи. 

Кажа дека досега немало толкава разлика од 60.000 гласови во корист на еден кандидат. 

И Мециновиќ кажа дека како човек кој е роден во 1996 година е изненаден. Вели дека луѓето се индиферентни и затоа излезноста е слаба. Верува дека многу граѓани ќе се охрабрат и ќе излезат во вториот круг да гласаат. 

Ѓорѓиевски објасни дека е дипломиран политиколог кој работел во приватен сектор, а имал и свој  бизнис. 

Мециновиќ кажа дека бил на политички студии, а студиите биле на пауза бидејќи морал да работи. Кажа дека работел во кол центри, како новинар, правел истражувања и слично. Мециновиќ објасни дека мајка му работела во Национални шуми. Кандидатот на Левица кажа дека е израснат со еден родител. 

Ѓорѓиевски пак тврдеше дека Мециновиќ првото вработување го имал во партија и дека лажно се претставува, нешто што Мециновиќ го негираше. 

„Сум работел на пумпа, сум работел во месара“, кажа Мециновиќ. 

Тој го обвини Ѓорѓиевски дека кариера направил во партијата. 

Слично

Поврзани вести