Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен е буџетот, следува преродба на градот!

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен е буџетот, следува преродба на градот!

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вети преродба на градот, откако денеска без ниту еден глас против, советниците го усвоија буџетот. 

Вели дека буџетот за 2026 година е доказ дека кога има ред, визија и работа, ќе има и резултати.

„Сакам искрено и од срце да се заблагодарам на сите советници кои го поддржаа. Основниот Буџет на Град Скопје изнесува 5.201.600.000 денари, што претставува зголемување од 12,04 отсто во однос на 2025 година. Ова зголемување е резултат на засилена и одговорна наплата на приходите во период од само месец и половина, со што на крајот на годината се очекува пренесен вишок од над 400 милиони денари. Дополнително, обезбедени се 260 милиони денари преку спогодба со Министерството за образование и наука и одлука на Владата на Македонија за студентски превоз за заостанатите години, обврска за која претходната влада на СДСМ немаше слух. Капиталните инвестиции во основниот Буџет изнесуваат 1.787.000.000 денари, или 34,4 отсто од вкупниот буџет. За споредба, во 2025 година капиталните инвестиции изнесувале 1.344.160.000 денари, односно 28,9 отсто. Ова значи повеќе инфраструктурни зафати, повеќе проекти на терен и конкретни, видливи резултати за граѓаните“, вели градоначалникот. 

Додава дека образованието е еден од приоритетите.

„Преку блок-дотациите од Министерството за образование и наука обезбедуваме средства за нови спортски терени во средните училишта, енергетски ефикасни фасади, нови клупи и столчиња, дополнителна ИТ опрема и подобрени услови за работа и учење. За првпат досега обезбедуваме униформи за сите ученици од прва година, обезбедуваме летен камп за учениците од социјално ранливи категории, како и награди за учениците со исклучителни резултати во спортот и образованието. Буџетот за образование е зголемен за 7,5 отсто во однос на 2025 година, а дополнително се пренесуваат 68 милиони денари вишок од блок-дотациите за изградба на ново училиште, кое ќе биде предвидено со првиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Сериозно се зајакнува и противпожарната заштита. Во 2026 година се обезбедуваат средства за вработување на 30 нови пожарникари, за првпат по повеќегодишна пауза се набавува целосна лична заштитна опрема и униформи, како и три возила за интервенции во тешко проодни средини. Буџетот за противпожарна заштита и спасување изнесува 450,2 милиони денари, што е зголемување од 25,72 отсто во однос на претходната година“, рече Ѓорѓиевски.

Пари ќе потрошат за култура, спорт, зеленило и друго. 
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски

Слично

Поврзани вести