Ѓорѓиев: Висок функционер од МНР ми рече „за ова лично ќе ти се одмаздам“
Висок функционер од МНР ми се закануваше лично мене, изјави Ванчо Ѓорѓиев кој беше член на македонско - бугарската историска комисија, но си поднесе оставка.
Тој во Дневникот на Сител Телевизија рече дека добивал закани од висок фунционер вработен во МНР за да се врати во Комисијата.
„Првиот пат телефонски побара од мене да си ја преиспитам својата одлука и откако не ме разубеди да се вратам во Комисијата повторно ми се јави. Разговорот траеше само 43 секунди и тој меѓудругото ми рече ,,Да знаеш за ова лично ќе ти се одмаздам“, рече Ѓорѓиев.
Тој во октомври си замина од комисијата со образложение дека има политички влијанија. Инаку, во разговорите на македонските и бугарските историчари нема напредок.
Слично
