Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорѓиев: Мал број вработени ја попречуваат работата на железница и тоа треба да прекине

Ѓорѓиев: Мал број вработени ја попречуваат работата на железница и тоа треба да прекине

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев не даде конкретен одговор како ќе се реши проблемот на вработените во Македонски железници кои веќе шест дена протестираат поради неисплатените средства за јануари, но затоа пак обвини дека постоеле обиди за политизација на штрајкот.

- Имаме информации дека мал број вработени ја попречуваат работата на 3.000 лица кои се вработени во железницата и тоа треба да прекине. Треба луѓето да работат за да можат да ја добијат дополнителната поддршка и за да можат да си ги извршуваат нивните обврски кон коминтентите, да остваруваат дополнителни приходи и да не предизвикаат штета во нивното работење поради евентуално неисполнување на договорните обврски - наведе Ѓорѓиев. 

Претходно директорот на Македонски железници Транспорт Никола Костов си поднесе оставка која допрва треба да ја разгледува владата.

Слично

Поврзани вести