Ѓорѓиев: Mакедонскиот глас нека се слушне и до Софија, но македонскиот народ нема да дозволи да се асимилира
Ако треба македонскиот глас нека се слушне и до Софија, но македонскиот народ нема да дозволи да се асимилираат македонските граѓани, изјави вечерва на протестот пред Собранието, Филип Ѓорѓиев.
Вели дека е за Европска Унија(ЕУ), но таму да влеземе како Македонци, а не како асимилирани Бугари или било што друго.
„Ние младите ќе им порачаме и на домашните предавници, злонамерници и трговци на нашите човекови права и слободи кои лесно виткаат кичма дека Македонија е на Македонците и на сите народи во неа кои ја сакаат и ја чувствуваат како своја земја“, потенцира Ѓорѓиев.
Тој ги повика сите млади кои се уште се колебаат да го искажат својот револт, да се придружат на протестите затоа што Македонија се брани со акција и со дела.
foto printskrin
