Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорѓиев и Тодоров: Ако има само еден победник во историската комисија, спорот ќе биде уште посилен

Ѓорѓиев и Тодоров: Ако има само еден победник во историската комисија, спорот ќе биде уште посилен

Драги Ѓорѓиев и Петар Тодорв од мешовитиот македонско-бугарски комитет за историски прашања велат дека доколку една од страните на комисијата на крајот прогласи победа, тоа ќе значи продлабочување на меѓусоседскиот спор на двете земји.

„Доколку е целта да се постигне привиден успех, колку за да се излезе пред јавноста и двете или пак само едната страна да прогласи победа, тогаш може да се очекува нов и посилен спор помеѓу двете држави и народи.

Во тој контекст, поимите како коректно или адекватно толкување, „историски вистини“ треба да бидат изоставени. Во однос на историјата и Комисијата, членовите на Комисијата мора да понудат насоки со кои ќе се одземе моќта, поточно политичкиот капитал на историјата да мобилизира и манипулира луѓе за политички цели“, велат двајцата членови на македонската комисија во заедничката колумна за РСЕ.

Според нив, еднозначно решение кое ќе биде промовирано како победа на „историската вистина“ или како адекватно толкување, со сигурност нема да ја деполитизира историјата и да го надмине спорот. 

„Уште поважно, Комисијата не може да биде тело кое ќе одредува „историски вистини“ или ќе кажува што е коректно и адекватно толкување на минатото, а што не е. Со овие пристапи не се измислува ништо ново, тие веќе биле или се применуваат во други спорови кои произлегуваат од различното и конфликтно толкување на минатото. Се друго не е искрен и добрососедски пристап и нема да доведе до целта, а тоа се добрососедски односи и пријателство помеѓу македонскиот и бугарскиот народ“, пишуваат Ѓорѓиев и Тодоров.

Слично

Поврзани вести