Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите
Поранешниот функционер на СДСМ, Ѓорѓи Спасов, по катастрофалниот пораз на владеачката партија на парламентарните избори, по кои беа освоени само 18 пратенички места, се огласи со свое видување во кое изнесе неколку причини за историски најслабиот резултат.
„И не смеат да ни се случуваат несмасности како што беше зголемувањето на платите на државните функционери за 78% , големите проблеми што се појавија при замената на пасошите и личните карти ниту корупција во нашите редови.Мора да се демонстрира и достоинство во коалиционите односи.
Сега во Собранието ќе имаме извонредно способна парламентарна група, составена од голем број на поранешни министри и искусни пратеници. Таа може да биде јадрото на обновата на СДСМ и полека на сигурно да се враќа угледот и моќта на партијата. Јас сум убеден во тоа дека е можно“,искоментира аналитичарот.
И не смее да се случи нашата одговорност да ја прикриваме со фрази од видот дека народот и избирачите не ја разбрале нашата проевропска и реформистичка политика, туку ќе мора да се соочиме со секој наш потег со кој сме предизвикувале гнев и незадоволство. Битката за остварување на стратешките цели на земјава ќе мора да ја водиме во соработка со целото општество, без притисоци и јуначење. Ќе мора да внимаваме на говорот со кој се покренуваат чуствителни прашања како што е борбата против фашизмот во Втората светска војна од која се роди и израсна македонската држава“, смета Спасов.
