Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорѓи Спасов: Договорот ги поразува националистичките политики во двете земји

Ѓорѓи Спасов: Договорот ги поразува националистичките политики во двете земји

Постигнатиот  Договор меѓу Грција и Македонија е без сомнение од историско значење за двете земји и за народите во нив, вели поранешниот амбасадор на Македонија во повеќе земји Ѓорѓи Спасов. Според него договорот отвора ново поглавје во развојот на Македонија.

„Премиерите Ципрас и Заев демонстрираа визија и одважност во решавањето на овој децениски спор.Нивната храброст и прагматичност  ги издвојува од големиот број на балкански политичари кои се одржуваа на власт само со националистичка реторика и ширењето страв од соседите.Договорот отвора ново поглавје во развојот на Македонија и со сите свои елементи е во функција на зачувување на мирот на Балканот, зачувување и јакнење на македонскиот национален идентитет и создавањето услови за побрз економски развој на двете земји.Договорот е пораз за националистите и за националистичките политики во двете земји и оттука неговото неприфаќање од нивна страна е само сигурен знак дека ја губат подлогата за своето  политичко опстојување“, вели Спасов.

Додава дека премиерите на двете земји заслужуваат поддршка да истрајат во процесот на целосната имлементација на овој договор за мир, пријателство и за меѓусебно почитување. Вели дека луѓето што ова не можат да го разберат еден ден ќе се срамат од својата неспособност што не успеале да ја согледаат големината на овој чин.

Фактор ќе објави мислења на повеќе јавни личности, професори, новинари, познавачи во однос на објавата на Владата, вчера, дека е постигнато решение за името и договорот за спорот со Грција.

Слично

Поврзани вести