Ѓорѓи Лазаревски е убеден дека Груевски знаел за прислушувањето
Ѓорѓи Лазаревски е еден од луѓето без кои јавноста немаше да ги слушне „бомбите“ што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој на дебата во рамки на првиот „Истражувачки филмски фестивал“ во Скопје, говореше за ризиците со кои се соочил при работењето во Петтата управа на МВР, решеноста да ги зачува разговорите и за обвинението за шпионажа и 11 месечниот притвор. Тој е убеден дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски знаел за прислушувањето.
„Она што го правевме беше многу опасно, снименото не го објавивме во ниту еден медиум зашто со тоа ќе ги ризикувавме нашите животи. Екс директорот на УБК беше тој што умееше да го пронајде најбезбедниот начин за да ги зачува „бомбите“- вели Лазаревски кој заедно со колегата Звонко Костовски три години ги собирале нелегално прислушуваните разговори со цел да ја обелоденат вистината, а материјалите подоцна му ги давале на Зоран Верушевски.
Тој раскажа дка во МВР отишол како гостин на негово барање за да се утврди врската со Зоран Верушевски и да соопшти дека ги имаат доказите за незаконското прислушување.
