Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорѓе Иванов: Наша обврска е да го следиме нивниот пат

Ѓорѓе Иванов: Наша обврска е да го следиме нивниот пат

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, упати честитка по повод националниот празник Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври.

„Почитувани сограѓани, Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, е празнување на идејата за самостојна и независна Македонија. Овој ден претставува завет на македонските револуционери, предвесник на Македонската Револуционерна Организација, симбол на непокор, патриотизам и правда.

Овој ден е паметник за шестемина македонски патриоти кои се здружија за визијата за слободна Македонија, како пат до слободата што го продолжија илинденците и асномците остварувајќи го вековниот стремеж за сопствена, суверена и демократска држава.

Неброени македонски патриоти ги положија своите животи за остварување на овој идеал. Наша должност е да им оддадеме почит на нашите борци за слобода и независност. Слава им! Но, да не заборавиме дека наша обврска е и да го следиме нивниот пат.

Нека ни е за многу години Денот на македонската револуционерна борба.

Да живее Република Македонија!“, пишува во пораката што ја упати поранешниот шеф на државата.


Слично

Поврзани вести