Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓоргиев: Рутината и понатаму ќе биде водилка за нашата работа, така да не чувствувам голем притисок поради Протоколот

Ѓоргиев: Рутината и понатаму ќе биде водилка за нашата работа, така да не чувствувам голем притисок поради Протоколот

Протоколот е политички документ меѓу двете влади за тоа како гледаат на подобрување на односите меѓу двете држави, изјави професорот Драги Ѓоргиев во Топ тема на Телма.

„Комисијата функционира по свој ритам и добро се познаваме меѓусебе и како и колку можеме да работиме. Рутината и понатаму ќе биде водилка за нашата работа, така да не чувствувам голем притисок поради Протоколот“, вели копретседателот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Ѓоргиев.

Според него, влогот е поголем и условите се различни.

„Протоколот создаде една поларизација во македонското општество и сето тоа ја прави положбата на Комисијата поинаква. Ако се сеќавате и во првиот Протокол со многу тешка и заповедничка реторика беше кажано од страна на бугарски политичари да се заврши тоа и тоа. Тие рокови секогаш ќе ги поставуваат политичарите. Ние си имаме свои принципи. Политичарите работат по една, а ние научниците по друга логика“, вели тој. 

Кажа дека имаат одговорност пред јавноста, но повторно примарно за нив е академскиот интегритет. 

Слично

Поврзани вести