Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓоргиев oбјасни каде запнала работата со бугарските колеги

Ѓоргиев oбјасни каде запнала работата со бугарските колеги

Постојат писма каде што Делчев се чувствува како Бугарин, но има и писма каде се изjaснува како Македонец, изјави историчарот Драги Ѓоргиев вечерва во Само интервју на Канал 5. 

Тој вели дека има тенденција да се наметне бугарскиот наратив. 

„Последите два дена беше една тешка исцрпна средба, во која за жал повторно нема резулати и повторно дојдоа до израз различни пристапи во работата и различните пристапи во разгледувањето на учебниците и евентуалното давање препораки. Веќе симптоматично е дека работата на комисија влегува во еден методолошки ќорсокак и за ова треба да се разговара во наредниот период“, рече Ѓоргиев.

Вели дека за 5-6 средби нема резултати. 

И кај бугарската страна има незадоволство бидејќи нема напредок. 

Слично

Поврзани вести