Ѓоргиев: Не мора да значи дека оваа Комисија, по секоја цена, мора да донесе решенија
Во историската комисија нема да носиме решенија по секоја цена, вели копретседателот од македонска страна, Драги Ѓоргиев, при денешната презентација на досега усогласените препораки во заедничката историско-образовна комисија со Бугарија.
„Ако не успееме да најдеме, тогаш нема решение. Не мора да значи дека оваа Комисија, по секоја цена, мора да донесе решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија“, изјави тој.
Комисијата досега се договорила да им препорача на владите заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил. За учебниците, пак, се усогласени препораки за античкиот период – по пет за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Северна Македонија. За учебниците досега се усогласени препораки за античкиот период, односно по пет препораки за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Северна Македонија. Ѓоргиев вели дека препораките за учебниците се однесуваат за оние места каде што македонската страна сметала дека треба да има подобрување во бугарските учебници и обратно.
