Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорчев: Зошто Владата ја направи Македонија земја за траен престој на мигранти

Ѓорчев: Зошто Владата ја направи Македонија земја за траен престој на мигранти

Пратеникот Влатко Ѓорчев на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ упати серија критики за новата стратегија подготвена од Владата на Република Македонија за промена на односот кон мигрантите со документот „Стратегија на интеграција на бегалци и странци во Република Македонија во периодот 2017-2027 година“.

- Владата на Република Македонија и министерството за труд и социјална политика треба да одговорат зошто ја менуваат стратегијата на Република Македонија во делот на мигранти, бегалци и странци со која што Република Македонија од транзитна земја станува земја за траен престој на голем број луѓе на кои што ќе дојдат во Република Македонија. И со измените кои што ги предлага владата во својата стратегија со измените што ги предлага министерството за труд и социјална политика, тогаш ќе има олеснето доделено државјанство на овие лица, олеснето нивно сместување и изградба на цели станови, населби, згради, понатаму нивен олеснет пристап до градинки, училишта за сметка на граѓаните на Република Македонија како и засилено вработување, а сведоци сме дека вработувањата и тоа како им се потребни на граѓаните на Република Македонија.

Во Република Македонија, државата треба да им даде приоритет на граѓаните на Република Македонија, во делот на вработувањето, во делот на решавањето на станбеното прашање, во делот на кредитите, приоритетот треба да им се даде на граѓаните на Република Македонија. А стратегијата која што ни ја предлага новата влада и министерството за труд и социјална политика, целосно ги маргинализира граѓаните на Република Македонија. Целосно ги маргинализира, а им дава приоритет на лицата кои што тие сакаат да се фокусираат, а тоа се лицата кои што дошле во Република Македонија, мигрантите и останатите категории на лица, посочи Ѓорчев со анализа на сите точки од планираниот документ.


Слично

Поврзани вести