Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорчев: Власта удри по пензионерите

Ѓорчев: Власта удри по пензионерите

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат власта удри по пензионерите. 

Велат дека откако ги покачија даноците и давачките кон државата, донесоа закон за зелени пазари  што ќе ги остави поголем дел од пазарџиите без извор на егзистенција.  Сега СДСМ удри повторно и по пензионерите, обвини Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и Зоран Заев повторно удираат по една од најранливите категории граѓани. Пензионерите годинава со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување ќе земаат помала пензија отколку што ќе земаа со претходното законско решение  што го донесе ВМРО-ДПМНЕ. Пензиите повеќе нема да растат како последица или како следствено на просечно исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Тоа сега се укинува и се анулира“, вели Ѓорчев.

Ѓорчев рече дека се анулира и се крати зголемувањето  што требаше да го имаат пензионерите, а  беше законско решение на ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека пензиите со оваа влада на СДСМ и Зоран Заев повеќе нема да растат како резултат на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија. 

Слично

Поврзани вести